На денешната седница на Советот на Град Скопје советниците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа предлогот за набавка на нови екоавтобуси.
Сите други советнички групи гласаа „за” освен советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не гласаа за одлуката и со тоа немаше мнозинство за да почне постапката за набавка на еко автобуси. За позитивен исход на одлуката беа потребни уште три гласа.
Претседателот на Советот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на преставниците на својата партија ја правдаше со фактот дека за нови автобуси немалп предвидено пари во буџетот за оваа година и ја одби иницијативата на градоначалничката Данела Арсовска за репрограмирање на буџетот со цел да се набават автобусите.
На Скопје, поконкретно на ЈСП, за успешно да функционари јавниот превоз, му недостасуваат 100 автобуси.