НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Префрлањето на државните во даночни службеници е целосно согласно со законот

0
By Xhabir Deralla on September 4, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, се огласи во врска со процесот на префрлање на државните службеници во даночни службеници, објаснувајќи дека овој чекор бил неопходен за да се избегнат правни проблеми. Според Лукаревска, одлуката за префрлање била донесена во согласност со Законот за управата за јавни приходи, а доколку не се постапеше според законот, би можеле да се соочат со сериозни последици.

„Со тоа што ги префрливме државните во даночни службеници, решивме еден голем проблем. Доколку не го направевме тоа во законскиот рок, тогаш можеа да нè тужат, дури можев и кривично да одговарам како работодавач дека не постапувам согласно Законот за УЈП“, изјави Лукаревска за Слободен печат.

Процесот на префрлање бил регулиран со одлука донесена на 12 февруари, потпишана од тогашниот министер за информатичко општество и јавна администрација. Одлуката предвидувала новите договори за вработување на службениците да бидат поделени во рок од еден месец.

Лукаревска нагласи дека целиот процес бил спроведен со целосна почит кон правата на вработените и дека ниту едно работничко право не било скратено. „Откажување на договор не е нешто ново во УЈП“, додаде таа, објаснувајќи дека слични процедури биле применети и во минатото, кога и таа лично добила откажување на договор, а потоа добила нов договор за работа.

„Државниот инспекторат за труд не го зема предвид ова искуство, иако е правно издржано и спроведено претходно“, рече Лукаревска, потенцирајќи дека УЈП постапувала според веќе воспоставена законска пракса.

Антикорупциска поднесе иницијатива за кривично гонење на поранешната директорка на УЈП Лукаревска за „несовесно работење во службата“, а актуелната директорка на Петрова ја обвини дека донела незаконски одлуки со кои создала хаос во институцијата, објави РСЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.