Published: Wednesday, February 18, 2015 10:35
Утрово петмина пратеници во турскиот Парламент се повредени во тепачка во која се фрлале столици, а пратениците меѓусебно се удирале со чеканчето и ѕвончето кои ги користи претседателот на Собранието за време на седниците.
Тепачката се случила откако опозициските пратеници се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог-закон за безбедност, со кој на полицијата би и се дале поголеми овластувања при претреси и апсења.




