Вашинготн: Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Кир Стармер на синоќешната средба во Вашингтон не донесоа одлука да и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за гаѓање цели во Русија.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот да не и дозволи на Украина да истрелува ракети со долг дострел кон Русија. Путин рече дека таквиот потег ќе значи директно вклучување на НАТО во војната во Украина и оти на тоа соодветно ќе биде одговорено.
САД и Велика Британија засега не и даваат дозвола на Украина да користи ракети со долг дострел против цели во Русија, токму поради страв од ескалација.