Published: Thursday, February 19, 2015 12:04
Либија побара од Советот за безбедност при ОН да се укине ембаргото за оружјето како и тие би помогнале во борбите против екстремистите на Исламската држава.
Шефот на либиската дипломатија, Мухамед ел Даири, синоќа во Њујорк потенцираше дека Меѓународната заедница има правна и морална одговорност да обезбеди итна помош.
– Во рацете на екстремистите ќе оди она што нам не ни се дава, рече еч Даири пред Советот за безбедност.
Тој побара Меѓународната заедница да и посвети внимание на Либија, како што тоа го прави со Ирак и Сирија.
Состанокот на Советот за безбедност при ОН се одржа во пресрет на кризата во Либија, каде пред четири дена, џихадистите на Исламската држава обезглавија 21 египетски Христијанин.




