Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разузнавачите алармираат за предавство: Премиерот сака да ја укине АНБ и АР и да постави блиско лице на раководна позиција

0
By Zoran Ivanov on September 23, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 23, 2024 19:10

Вработените во Агенцијата за разузнавање апелираат до претседателката Гордана Сиљановска да се спротивстави на оваа одлука и да го спречи укинувањето на Агенцијата за разузнавање.

Лицата кои го подготвуваат новиот закон се лица кои или биле осудени или моментално се водат постапки за нив во Обвинителство. Не се вклучени експерти од пошироката јавност, туку само партиски послушници и криминалци. Ароганцијата и желбата за воспоставување тиранија водат дотаму што лицето кое треба да биде на чело на оваа нова служба не е од безбедносниот сектор и е во приватни блиски релации со премиерот на Република Македонија, а моментално работи во една компанија како шеф на маркетинг. 

Ние ги имаме сите информации кои соодветно ќе бидат употребени во рамки на нашите можности да ја информираме јавноста какво предавство сака да направи оваа влада. Во наредниот период очекуваме и политички апсења внатре, во Агенцијата за разузнавање. Тоа што ниеден непријател не успеал да го направи изминатите година, во моментов го прави оваа влада.

Марина Дамческа

Група вработени во Агенцијата за разузнавање (АР) испратија анонимно писмо до медиумите, до неколку странски амбасади и до кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со кое укажуваат дека добиле сознанија дека премиерот планира да ја укине Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање и да воспостави нова партиска служба. Разузнавачите од АР обвинуваат дека новиот закон наместо експерти го подготвуваат „партиски послушници и криминалци“, „лица кои или биле осудени или моментално се водат постапки за нив во Обвинителството“ . Тие стравуваат дека со таквиот чин целта е „да се воспостави целосна политичка контрола во Република Македонија налик на Северна Кореја“.

Со ова писмо сакаме да ја информираме јавноста, дека се подготвува предавство врз Република Македонија, односно безбедносниот сектор на оваа држава, што според нас е темелот врз кој Македонија постои. До нас секојдневно пристигнуваат информации од членки на НАТО како државниот врв подготвува укинување на Агенцијата за разузнавање. Укинувањето не е никаква реформа, туку е воведување на Република Македонија во автократија и партиска контрола. Целта на државниот врв е да се партизира и она малку што е останато професионално, сè со цел да се воспостави целосна политичка контрола во Република Македонија налик на Северна Кореја – се нагласува во мејлот.

Разузнавачите тврдат дека зад идејата за укинувањето на клучните агенции АНБ и АР стои лично премиерот кој според писмото планирал на чело на новата служба да постави свој близок човек.

Во информациите што пристигнаа до нас јасно се гледа дека премиерот планира да ја укине Агенцијата за nационална безбедност и Агенцијата за разузнавање и да воспостави нова партиска служба која нема да им служи на сите граѓани, туку само на политичкиот врв. Лицата кои го подготвуваат новиот закон се лица кои или биле осудени или моментално се водат постапки за нив во Обвинителство. Не се вклучени експерти од пошироката јавност, туку само партиски послушници и криминалци. Ароганцијата и желбата за воспоставување тиранија водат дотаму што лицето кое треба да биде на чело на оваа нова служба не е од безбедносниот сектор и е во приватни блиски релации со премиерот на Република Македонија, а моментално работи во една компанија како шеф на маркетинг. Во моментов, Република Македонија е соочена со голем број предизвици од разни страни, каде Агенцијата за разузнавање е и повеќе од потребна, само неук или компромитиран човек би сакал нејзино укинување. Голема е и желбата на одредени центри на моќ да ја нема Агенцијата за разузнавање, за жал премиерот на Република Македонија, е на нивна страна – пишува во мејлот.

Вработените во Агенцијата за разузнавање апелираат до претседателката Гордана Сиљановска да се спротивстави на оваа одлука и да го спречи укинувањето на Агенцијата за разузнавање.

Ние ги имаме сите информации кои соодветно ќе бидат употребени во рамки на нашите можности да ја информираме јавноста какво предавство сака да направи оваа влада. Во наредниот период очекуваме и политички апсења внатре, во Агенцијата за разузнавање. Тоа што ниеден непријател не успеал да го направи изминатите година, во моментов го прави оваа влада. Дополнително, познати ни се одредени нелегални активности и во врвот на Агенцијата, како и партиски активности кои се забранети според законот за АР, но тие работи ќе ги решаваме на институционален начин. Очигледно е дека новопоставената директорка и заменик директорка работат за нечии лични и партиски интереси, а не за интересите на државата и Агенцијата – пишува во анонимно испратениот мејл зад кој стојат „активно вработени во Агенција за разузнавање“ кои поради законот не смеат јавно да се идентификуваат.

Инаку, Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 28 јуни донесе одлука за разрешување на досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше првиот Албанец кој раководеше со Агенцијата од 2019 година и на негово место ја постави Габриела Јаковлева.

Сиљановска-Давкова на позицијата заменик директор ја постави Ивана Стојановска, на местото на Александра Бакреска Додовска. Во јавноста имаше реакции дека заменичката Стојановска не ги исполнува законските услови за високата раководна позиција во АР, односно нејзиниот стаж во Агенцијата за разузнавање е помал од десет години, иако законот јасно пропишува кандидатот да има најмалку десет години работно искуство од областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика, од кои пет години на раководно место во Агенцијата. Од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова го оправдуваа назначувањето како законско со тоа што како искуство од областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика на Стојановска ѝ го наведуваат и периодот во кој таа работела како асистент на приватни универзитети.

Формирање на нова агенција е во програмата на Владата

Она што го тврдат разузнавачите дека двете агенции ќе преминат во една не е тајна, бидејќи премиерот Христијан Мицкоски уште во јули годинава најави дека Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција. Тој при посета на општина Бутел нагласи дека процесот на спојување се очекува да трае неколку месеци.

Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се членки на НАТО. Меѓу нив во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа Република Хрватска на почетокот од овој милениум – рече Мицкоски во таа прилика.

Според програмата за работа на Владата, во соработка со домашните експерти и со граѓанскиот сектор, а со цел постигнување на широка граѓанска и експертска поддршка, се предвидува спојување на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност во единствена модерна безбедносно – разузнавачка служба со фокус на борбата и детектирањето на тероризмот на национално, регионално и меѓународно ниво.

Агенцијата ќе биде раководена од високи професионалци избрани под строго утврдени критериуми според стандардите на ЕУ и НАТО. За правилно функционирање на Агенцијата, се предвидува изградба на комплетно нов објект за таа намена, врз основа на строги безбедносни НАТО стандарди, надвор од Министерството за внатрешни работи, стои во програмата.

Од друга страна, според програмата, се предвидува и формирање на координативно тело за борба против организиран криминал и корупција коешто ќе ги опфати: министерствата за внатрешни работи и за финансии, Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, Царинската управа, УЈП, Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање.

Агенцијата за Разузнавање е оформена во 1995 година како посебен орган од државна управа, а ефективно функционира од 1997 година. Таа е во надлежност на претседателот на државата која има надлежност да собира, обработува, анализира, проценува, разменува, чува и штити податоци и информации од значење за безбедноста, одбраната, надворешно-политичките и економските интереси на Република Северна Македонија. Агенцијата собира разузнавачки информации за закани и ризици од странство за заштита на националната безбедност, независноста, суверенитетот, уставното уредување и слично.

Според актуелниот закон за АР за својата работа и работата на Агенцијата директорот му одговара на Претседателот на Република Северна Македонија, додека Владата може да побара одговорност на директорот за работата на Агенцијата. Директорот треба да има најмалку дванаесет години работно искуство од областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика, да не е член на политичка партија и да поседува безбедносен сертификат со степен на класифицираност „државна тајна“.

Меѓу условите за засновање на работен однос во Агенцијата е и позитивно мислење добиено при полиграфското тестирање, и доколку кандидатот го одбие се смета дека не ги исполнил условите за засновање на работен однос во Агенцијата. Иако е обврска, сепак во Агенцијата досега целосно не е спроведено полиграфско тестирање на вработените.

Разузнавачите кои го испратија анонимно дописот тврдат дека „Агенцијата за Разузнавање била и е првиот и последниот обрач на одбрана на Република Македонија“ и „секогаш била на ниво на своите задачи, нејзините вработени бескомпромисно и пожртвувано одговориле на повикот на својата татковина“.

Инаку во безбедносната сфера делуваат и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Оперативно-техничката агенција (ОТА) кои во 2019 година, по аферата со прислушкувањето произлегоа од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање. Формирањето на АНБ беше последниот чекор во реформирањето на безбедносните служби, со цел да се спречат злоупотреби за партиски цели и интереси наместо професионално справување со реалните безбедносни закани од надвор и внатре. Линк

Текстот е сопственост на Слободен печат

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.