Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Глас на Америка: Кинеското влијание во Северна Македонија – ретка тема во македонските медиуми

0
By Zoran Ivanov on September 24, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2024 13:43

Имате иницијатива за глобален развој, има иницијатива за глобална безбедност итн. и ние сме дел од тоа. Дали тоа сакаме да го препознаеме или не, дали сакаме тоа да го гледаме како беневолентно или малигно влијание – тоа се повеќе политички позиции.

Мартин Николовски

Кинеското присуство во Северна Македонија започнува во 2011 година, со учество во кинеската иницијатива „Појас и пат“, но, сиве овие години медиумите не се многу заинтересирани за критички поглед на тоа присуство. За ова разговаравме со новинари и експерти кои за Гласот на Америка ги изнесоа своите гледања.

Ова е новинарот Џабир Дерала, основач и главен и одговорен уредник на медиумската платформа ЦИВИЛ.

Имате иницијатива за глобален развој, има иницијатива за глобална безбедност итн. и ние сме дел од тоа. Дали тоа сакаме да го препознаеме или не, дали сакаме тоа да го гледаме како беневолентно или малигно влијание – тоа се повеќе политички позиции. Ние впрочем во регионот на Западен Балкан сме држава која е на второто место по висина на надворешниот долг. Замислете, ние не сме најголема земја, а најмалата земја во регионот, Црна Гора, пак има највисок процент на надворешниот долг од 40 отсто, следиме ние со 20 отсто, вели новинарот Џабир Дерала.

Дерала смета дека странските влијанија, особено од Русија и Кина, во Северна Македонија се канализирани преку Србија.

Се работи за тоа дека Србија со „Хуавеј“ и со Кина има одамна потпишан договор за инсталирање на 8.000 камери само во Белград кои се со можност за препознавање (на лица). Исто така, преку „М-тел“, српскиот телекомуникациски провајдер, (Кина) влезе во Македонија пред неколку години, тоа е исто така канал за продор на кинеските интереси, меѓутоа само еден мал (дел). Ние како држава веќе имаме поголем број проекти кои се однесуваат на „Патот на свилата“ или иницијативата „Појас и пат“ и тука имаме сериозен проблем. Зошто? Заради (влијанието на) демократијата и демократскиот развој, додаде тој.

Главниот и одговорен уредник на новинската агенција „Мета“, Горан Ризаов, вака го објаснува влијанието на Кина и игнорирањето на тоа влијание од страна на македонските медиуми:

Повеќе македонски медиуми имаат директна соработка со кинеската амбасада овде. Една национална телевизија ја емитува познатата кинеска емисија „Нихао“. Има и еден дневен весник кој што секој викенд има прилог посветен специјално на Кина. Кинескиот амбасадор е доста присутен со интервјуа и со колумни во различни медиуми и исто така многу од онлајн медиумите имаат соработка со Кина, поради тоа многу ретко можете да прочитате некаква критика за кинеската држава во македонските медиуми. Значи, идејата на Кина е да ко контролира наративот кој што се однесува на оваа држава, изјави Горан Ризаов, главен и одговорен уредник на новинската агенција „Мета“.

Кинеските погледи и активности генерално се прикажуваат во позитивна светлина. Кинезите се претставуваат како работлив, технолошки поткован и снаодлив народ, вели Ризаов. Преку споделување на видеа, мемиња и содржини на социјалните мрежи се спроведува голем дел од пропагандата на комунистичката држава, вели тој.

Во Кина подолго време на власт е комунистичката партија и таму грижата за човековите права е на многу ниско ниво, особено за правото на говор или слободата на печатот. Таму има голем дел на новинари кои што се затворени. Самите медиуми се под целосна државна контрола. Речиси и да нема слободни медиуми во Кина. Но, за тоа нема да читате во македонските медиуми, објаснува Ризаов.

За доминацијата на кинеската пропаганда во македонските медиуми и пошироко во регионот, потврдува и специјалистката за релациите Кина – Европска Унија – Западен Балкан, Ана Крстиновска.

Србија има најголем извоз кон Кина. Неодамна потпишаа договор за слободна трговија, имаат најмногу кинески директни инвестиции вклучително и гринфилд инвестиции меѓутоа сето тоа се должи на своевидна награда од Кина кон Србија затоа што Србија од своја страна, пак, ги штити интересите на Кина на Балканот и во Европа. Ги застапува односно се усогласува со кинеските позиции во меѓународни организации, преку српските, пред се` провладини медиуми, кинеската визија за светот и нејзините идеи за промена во глобалното уредување продираат насекаде не само во Србија, заради тоа што и ние, и во Босна и во Црна Гора, се гледаат тие српски медиуми и Кина прави нешто што ние го нарекуваме позитивна условеност, односно ја наградува Србија за нејзината политичка посветеност со економски придобивки, вели претседателката на „Естима“, Ана Крстиновска.

Новинарите и експертите се согласни за ризикот дека економската зависност на Северна Македонија кон Кина може да биде искористена за политичките цели на Кина, што не се линија на националните стратешки интереси.

Текстот е сопственост на Гласот на Америка

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.