НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МТЕЛ демантира: Неточни изјави во публикации со наслов „Кинеското влијание во Северна Македонија“ и „Зошто Кина не е тема за медиумите во Северна Македонија?

0
By Xhabir Deralla on September 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Редакција НОВА пристигна демант од телекомуникациската компанија МТЕЛ, во која остро и категорично се демантираат ставовите изнесени во текстот со наслов „Кинеското влијание во Северна Македонија“, како и видеото „Зошто Кина не е тема за медиумите во Северна Македонија?“ Написите првично се објавени на „Гласот на Америка“ на македонски јазик, а преземени од НОВА.

Демантот го пренесуваме во целост:

Ви пишуваме во врска со текст во вашиот ценет медиум со наслов „Кинеското влијание во Северна Македонија“, како и видеото „Зошто Кина не е тема за медиумите во Северна Македонија?“, објавени на 24 септември 2024 година кои ја содржат изјавата на г-дин Џабир Дерала, основач и главен уредник на медиумската платформа ЦИВИЛ.

Во контекст на тезите наведени во текстот, сакаме да нагласиме дека МТЕЛ не поседува своја телекомуникациска инфраструктура во земјава, туку работи како виртуелен оператор, што значи дека изнајмува телекомуникациска инфраструктура од други оператори.

Во оваа насока, најостро ги демантираме сите изјави во текстот во врска со споменувањето на МТЕЛ Северна Македонија во контекст на работењето на кинеските компании во земјата.

МТЕЛ Северна Македонија работи целосно во согласност со законите на Република Северна Македонија, како и во согласност со најдобрата глобална корпоративна практика.

Компанијата одржува транспарентен однос со регулаторните тела и нејзините клиенти. Секоја инсинуација за спротивното е неоснована и неточна и ја поткопува довербата што ја изградивме кај јавноста, институциите и корисниците. МТЕЛ е фокусиран исклучиво на обезбедување на телекомуникациски услуги и од влегувањето на македонскиот пазар е посветен на подобрување на телекомуникацискиот сектор преку воведување конкурентни услуги приспособени на корисниците, со што придонесува за локалната економија и овозможува поширок избор на пазарот.

Затоа, тврдењата во написот се целосно неосновани и погрешни.

Во согласност со етичкото новинарство и стандардите за фер известување, бараме овој демант да се објави видно во вашите медиуми и секоја неточна или погрешна информација да се коригира за точно да ги одрази фактите.

Ја цениме вашата соработка и очекуваме да го објавите нашиот одговор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.