По интензивни преговори Грција и земјите членки на еврозоната во петокот доцна навечер најдоа договор за продолжување на програмата за финансирање на Грција.
Потпредседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис кој е задолжен за еврото, на својот Твитер потврди дека договор е најден и додаде дека Грција ќе треба да презентира “комплетен список на мерките за реформа”. Тој додаде дека продожувањето на програмата за Грција е обезбедено но дека земјата ќе мора да ги оствари своите ветувања.
Станува збор за структурни реформи како што е борбата против даночното затајување, корупцијата и реформа на јавната администрација. Потоа овој список на реформи ќе биде разгледан од експерти и од Еврогрупата.
По повеќе состаноци во текот на овој месец на Еврозоната каде што и Грција е членка, министрите за финансии го разгледаа проектот на декларацијата на Еврозоната со кој и Грција се согласи.




