Ветераните на екс-југословенската “патриотска” војна, кои се блиски до ХДЗ и екстремната десница, веќе четири месеци спијат во шатор во центарот на Загреб и бараат оставка на министерот за ветераните на војната како и други бенефиции.
Во саботата повеќе стотина лица се собраа на протест против овие ветерани со слоганот “Стоп на теророт на шаторашите” кои ова име го добија поради шаторите кои не ги напуштаат веќе четири месеци.
Во саботата дојде до насилство помеѓу ветераните во униформи и лицата кои протестираа против нив. Групата Occupy Croatia испрати повик преку Фејсбук за протест против «екстремната десница односно група ветерани кои во страв ги држат политиката и институциите».
Според учесниците на протестот целта на поранешните борци на «патриотската војна» е желбата да го вратат национализмот на 90те години. Помеѓу двете групи имало навреди, пцости и провокации. Според порталот Индекс ветераните навредувале со зборови «четници», «југословенска стока» и «сатанисти». Четири лица биле уапсени во текот на протестот.




