Published: Sunday, February 22, 2015 16:07
Објавувајќи нова видео-снимка, џихадистите на Исламската држава тврдат дека убиле најмалку 21 припадник на Курдите кои се бореле во Ирак.
Снимката ја објави глобалната мрежа CNN, но не ја потврди автентичноста на истата.
На видеото има неколку исечоци кои се објавени уште минатиот месец, на која се гледаат и други живи борци на Курдите во кафези.
По прикажаното интервју на снимката, следувало убиството, соопштува CNN.




