Published: Tuesday, February 24, 2015 15:41
Комбе со 40-тина азиланти излетало на автопатот меѓу Грделица и Ниш утринава во 4:30 часот.
Петмина емигранти се со повреди опасни по живот, со повреди на рбетот и крварење во мозокот, додека кај останатите станува збор за полесни повреди.
Началникот на болницата во Лесковац информираше дека голем број од азилантите имале скршеници, повреди на мекото ткиво, но и рбетот.
Емигрантите, според првичните информации се од Нигерија, Бангладеш и Сирија и нелегално влегле во Србија, а најверојатно биле упатени кон Унгарија и ЕУ.
Целосно уништеното комбе излетало во нива, стотина метри од патот, а возачот е во бегство.




