Published: Wednesday, February 25, 2015 12:43
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски доби нови 30 дена притвор, пренесува МЕТА.
Во претходна постапка определен му е притвор за делата шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи.
Одлуката доаѓа по изминувањето на првите 30 дена, кои Верушевски ги издржа во притвор откако беше приведен кон крајот на минатиот месец, под сомнеж за нелегално поседување оружје.
Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“, заедно со неговата сопруга и со еден вработен во Општина Струмица. Четвртоосомничен во истиот случај е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.




