Published: Thursday, February 26, 2015 11:50
Џихадистите на Исламската држава киднапирале најмалку 220 луѓе од христијанско село во североисточниот дел на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Киднапирањата доаѓаат откако џихадистите под своја контрола зазеле десетина села во кои живее популација од Христијанска вероисповед.
Според податоците на Мрежата за човекови права во Шведска, над 1000 семејства побегнале од своите домови.
Масовните киднапирања ги осудија и САД и ОН и побараа итно ослободување на заложниците.
Меѓународната коалиција во меѓувреме ги бомбардираше седиштата на џихадистите во близина на градот Ал Каима во Ирак, а убиени се 17 џихадисти, додека триесетина се повредени.




