Published: Friday, February 27, 2015 10:45
Синоќа во центарот на Атина десетици маскирани демонстранти се судриле со полицијата кршејќи излози и палејќи автомобили, по првите протести против Владата откако Сириза пред еден месец ја презема власта во земјата.
Речиси 500 поддржувачи излегле на улиците на главниот град против новоизбраната влада на Алексис Ципрас која пред неколку дена со партнерите од ЕУ договори продолжување на програмата за помош на Атина, пренесуваат медиумите.
Во насилствата оштетени се дуќани и автомобили, а демолирана е една автобуска постројка.




