Поранешната НБА-ѕвезда, Денис Родман изјави дека добил порака од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во која се вели дека не сака војна со САД туку само сака да зборува со американскиот претседател Барак Обама за заедничката страст – кошарката.
– Тој сака кошарка…Му реков дека и Обама сака кошарка. Нека почнат од тоа, како начин за затоплување на односите меѓу САД и Северна Кореја, изјави Родман за Еј-Би-Си..
Според Родман, севернокорејскиот лидер не сака да води војна.
Американската влада одби секаква поврзаност со патувањето на Родман во Северна Кореја кое се случило поради снимањето документарец за кошарка.