Европската унија е загрижена за големиот пораст на бројот на граѓани од земјите од Западен Балкан, кои бараат азил во ЕУ. Иако ретко кој од нив успева да добие азил, самите барања се голем товар за администрацијата на овие земји, пишува jutarni.hr
Поради големиот пораст на барања за азил, Европската унија не ја исклучува крајната мерка за повторно воведување на визите за граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Црна Гора. Во овие земји безвизниот режим е прекинат уште од 2009 година, а со визен режим остана само Косово.
Според извештајот на Европската комисија, објавен вчера во Брисел, бројот на граѓаните на овие држави кои побарале азил во ЕУ во 2014 година се зголемил за 40 отсто во однос на претходната година. Вкупно, тоа е повеќе од 50.000 луѓе, а сето тоа Европската Унија го гледа како „злоупотреба на визната либерализација” и бара остри мерки за овие земји да престанат со ваквите практики.




