НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон: Харис или Трамп – мртва изборна трка за претседател на САД

0
By Marija Todorovska on October 27, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последните анкети на претстојните претседателски избори во САД покажуваат многу неизвесна трка меѓу двајцата кандидати Харис и Трамп, особено во седум колебливи држави, се вели во анализата на Демостат, додавајќи дека според тие анкети, двајцата кандидати се повеќе или помалку еднакви и дека како пресудна држава која би можела да има најголемо влијание врз исходот на изборите е Пенсилванија.

„Се сведува на седум сојузни држави, треба да победите четири од седум, освен ако не ги освоите Пенсилванија, Џорџија и Северна Каролина, тогаш тоа ќе биде доволно за да победите“, рече високиот функционер на републиканците Мајкл Витл.

Седум дена пред најважните избори во светот, најголемо внимание е насочено кон резултатите во седум т.н. колебливи држави, а првенствено на оние два до три отсто неопределени гласачи чија одлука, според сите проценки, ќе биде одлучувачка за победа во овој моментално рамноправен однос.

Последната анкета на „You Gov America“ ја покажува структурата на оние неопределените гласачи, меѓу кои има повеќе жени, гласачи од црна и шпанска националност, луѓе со пониски примања и слично, а кои според претходните истражувања се поблиски со Камала Харис.

Речиси сите анкети се занимаваат со перцепцијата на граѓаните за способноста на претседателските кандидати да ги решат најважните општествени, политички и економски прашања.

Мнозинството од испитаниците сè уште ја претпочитаат Камала Харис кога станува збор за решавање на прашањата за здравствената заштита, абортусот, климатските промени, додека Трамп има предност на темите илегалната имиграција и инфлацијата.

Во однос на економијата, работните места и надворешната политика, кандидатите имаат поделена поддршка.

Во анализата се вели дека доколку Камала Харис ја загуби Пенсилванија, тоа би било значаен удар за нејзината трка за Белата куќа, имајќи предвид дека Пенсилванија носи 19 електорски гласови и често одлучува за исходот на претседателските избори. Сепак, има и други важни држави каде Харис би можел да ја надомести таа загуба.

Во анализата се истакнува дека за Камала Харис, доколку ја загуби Пенсилванија, оваа загуба веројатно би била непоправлива, но дека би можела да победи доколку тој недостиг на гласачи го надополни со голем број електорски гласови од другите држави.

За да ја надомести загубата од Пенсилванија, Харис ќе мора да се фокусира на победата во Мичиген, Висконсин, Џорџија, Аризона и можеби Северна Каролина.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.