НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Околу 300.000 Украинци во Германија немаат работа и ќе мора да се вратат во земјата

0
By Marija Todorovska on November 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека најмалку 300.000 Украинци во Германија не работат и не се ни обидуваат да се вработат и дека затоа ќе бидат принудени да се вратат во земјата кога ќе биде прекината социјалната поддршка на Германија.

-Не сите Украинци се многу среќни што се во странство. Ова не е дел од планот за враќање на Украинците, но ова се фактите. Некои земји и нивните лидери сакаат тие Украинци кои работат таму да останат. Во исто време, бараат и начини да ги натераат оние Украинци кои не работат да се вратат во Украина, рече Зеленски на состанокот со шефовите на територијалните заедници и округот Задкарпатие, пренесе Укринформ.

Според него, денеска во Германија има повеќе од 1,1 милион Украинци, од кои најмалку 300 илјади не работат никаде, не се ни трудат да се вработат и дека такви луѓе има многу низ Европа.

Тој истакна дека значителен дел од овие лица ќе се вратат, бидејќи ќе престанат социјалните бенефиции и поддршката што ја добиваат во странство.

-Тоа ќе исчезне не благодарение на нас. Државите едноставно ќе престанат да им помагаат. Штом нивните општества ја поддржат одлуката дека нема потреба да им плаќаат на Украинците, во тој момент тие земји ќе направат се за целосно да ги запрат плаќањата, рече Зеленски.

Тој нагласи и дека има процент на Украинци кои чекаат да заврши војната за да се вратат.

Според податоците на ОН, населението на Украина е намалено за 10 милиони луѓе, или околу една четвртина, од почетокот на целосната инвазија на Русија поради одливот на бегалци, падот на наталитетот и смртните случаи на војна.

Германија Зеленски Украинци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.