Денеска во Москва се одржува погребната церемонија на Борис Немцов, водечкиот опозициски политичар во Русија, кој беше убиен во петокот вечер.
Иако на погребот сакале да присуствуваат и функционери од Полска и Латвија, но некои не добиле виза за влез во земјата, како одговор на санкциите на ЕУ кон Русија.
Троекуровски гробишта е местото каде што ќе биде погребан Немцов.
Немцов беше убиен на 27 февруари додека шетал со својата девојка во центарот на Москва, а властите сè уште го немаат идентификувано убиецот.
Единствениот актуелен странски министер кој ќе присуствува на настанот е шефот на летонската дипломатија Линас Линкевичус.
Како што најави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, тој нема да присуствува на погребот.
На опелото Путин ќе го испрати својот претставник во Парламентот, Гари Минх.




