Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еј-Би-Си за разговорот меѓу Вучиќ и Трамп: Србија е земјата каде што поддршката за Трамп е најголема во цела Европа

0
By Zoran Ivanov on November 11, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 11, 2024 19:10

Разговорот на претседателот на Србија Александар Вучиќ и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп предизвика голем интерес во регионот, а сега за деталите од разговорот пишува и американската Еј-Би-Си.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговарал со Доналд Трамп во неделата вечерта, поканувајќи го да ја посети балканската земја и посочи дека во Србија новоизбраниот американски претседател имал највисока поддршка од сите европски земји за време на изборната кампања.

Вучиќ рече дека телефонскиот разговор бил „многу срдечен“ и додаде дека Трамп „знае многу работи за Србија“. Тој изрази надеж дека односите меѓу Србија и САД „ќе продолжат да се подобруваат во сите области“ за време на администрацијата на Трамп.

Вучиќ изрази надеж дека Трамп ќе ја посети Србија, бидејќи Србија е земјата каде поддршката за изборот на претседателот Трамп е најголема во цела Европа.

Вучиќ и другите српски лидери отворено го поддржуваа Трамп за време на кампањата, надевајќи се дека неговата политика на Балканот ќе се промени, пишува ABC.

Иако формално бара членство во Европската унија, Србија одби да воведе меѓународни санкции против нејзиниот традиционален сојузник Русија поради нејзината инвазија на Украина, се додава во анализата.

Вучиќ рече дека Трамп му се заблагодарил за поддршката што ја добил од српскиот народ и изразил уверување дека во наредниот период со Трамп ќе може да разговара за натамошно подобрување на односите меѓу двете земји на сите полиња.

Србија одржувала блиски односи со соработниците на Трамп и за време на администрацијата на Џозеф Бајден, се наведува меѓу другото во текстот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.