Ненад Јовановиќ: Тие луѓе се длабоко потрошени. Време е за нови лица, нова сила, нова енергија и, ако сакате – нова емоција во социјалдемократската партија. Нови лица во СДСМ мора да има. Лица на млади луѓе кои немаат никакви историски петна и компромитации од секаков вид. СДСМ како политичка партија форматирана е и историски (не само денес): на внатрепартиски „класни војни“, затоа и денес заврши на очајни 15-тина пратеници. Денешните пратеници на СДСМ немаат никакво упориште помеѓу поширокото граѓанството. Или ако го имаат, тоа е така очајно и слабо. Тие луѓе нешто емитуваат на собраниската говорница, ама тоа ниту се памти, ниту се забележува. Еден пријател ми вели: „јас така омразени пратеници не сум видел“. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.