Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дестабилизација“ алиби за предизвикување предвремени парламентарни избори?

0
By Marija Todorovska on November 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 15, 2024 12:53

 Тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само неколку месеци по формирањето на Владата, е доказ дека на Владата не и оди најдобро.

Дестан Јонузи

Дебатата од дистанца меѓу лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за „дестабилизација“ на државата продолжува да биде тема.

Откако Мицкоски претходно го обвини Ахмети дека е „дестабилизатор“ на државата, истакнувајќи дека и меѓународната заедница е загрижени за постапките на Ахмети и неговата партија, лидерот на интегративците вели дека Премиерот треба да ги праша меѓународните партнери зошто се загрижени за ситуацијата во Северна Македонија.

– Јавно го прашувам господинот Христијан Мицкоскин: Зошто меѓународната заедница е загрижена?. Тој треба да ја праша меѓународната заедница. Зошто е загрижен?! Затоа што меѓународната заедница која има име и презиме се вика Европска Унија, Соединети Американски Држави и НАТО. Тие се гаранти на Охридскиот договор, затоа меѓународната заедница е загрижена. Затоа што се загрозува историски документ – на кој тие биле гаранти затоа што се потпишале во името на Америка, рече Ахмети во својот говор на собирот со партиските структури и активисти во Кичево.

Тој излезе и со предлог за предвремени парламентарни избори заедно со локалните кои се очекува да се одржат во октомври 2025 година.

– Локални и парламентарни избори заедно во октомври следната година“, предлага Ахмети.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена во секое време за предвремени парламентарни избори, но дека тоа претставува дополнителен трошок. Мицкоски рече дека доколку кандидатите на СДСМ и ДУИ победат на локалните избори во октомври следната година, тогаш ќе се организираат предвремени парламентарни избори.

– Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори. Ова е јасно и сите анкети го кажуваат ова, дури има и такви минувачи кои ме среќаваат на улица, ми велат пак ќе гласаме за тебе, зошто да трошиме пари, додаде Мицкоски.

Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците – дел од коалицијата ВЛЕН, го коментираше тековното барање на ДУИ за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со локалните избори во октомври следната година.

Тој вели дека доколку Ахмети сака да ги одмери силите меѓу ВЛЕН и ДУИ, тогаш тоа според него ќе се направи на редовните локални избори.

– Избори имаше пред 5-6 месеци. Отворени сме да разговараме за сите прашања. Мора да имаме поширок консензус ако одиме на избори. Ако треба да се измерат силите, колку е ВЛЕН, а каде ДУИ, мислам дека следната година ќе имаме локални избори, рече меѓу другото Таравари.

И лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека неговата партија е подготвена за предвремени избори.

– Подготвени сме за предвремени избори. Мнозинството граѓани не се задоволни од работата на Владата, порача Филипче.

Политички аналитичари со кои се консултираше „Фронтлајн“, велат дека тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само неколку месеци по формирањето на Владата, е доказ дека на Владата не и оди најдобро.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Венко Филипче предвремени избори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.