Холивудскиот актер Харисон Форд (72), повреден е во авионска несреќа, откако малиот авион со кој управувал се срушил на терен за голф во предградието Мар Висти, во Лос Анџелес. Повредите со кои се здобил не се опасни по живот.
Популарниот актер е повреден на главата, а бил свесен кога му била укажана помош на местото на несреќата.
„Повредите кои ги здоби не се опасни по живот и се очекува целосно заздравување“, соопшти публицистот на Форд.
„Тато е ОК! Тој е неверојатно силен човек“, напиша на Твитер неговиот син Бен.
Форд лично пилотирал со авионот, кој во употреба е уште од Втората светска војна, кој е колекциски примерок и вистинска реткост на светските аеродроми.
До несреќата дошло поради механички дефект на леталото. Актерот набрзо по полетувањето пријавил дека има проблем со моторот и се одлучил за принудно слетување на голф терен кој се наоѓал во близина на аеродромот.
Харисон Форд се занимава со пилотирање повеќе од две децении и има дозволи за управување со авион и хеликоптер, и ова не му е прва несреќа.




