Published: Saturday, March 7, 2015 09:37
Словенечката министерка за образование Станка Сетникар-Цанкар, поднесе оставка на функцијата, откако во медиумите беше објавено дека во последните 11 години на име хонорари заработила 636.000 евра, јавува новинската агенција МЕТА.
Станува збор за хонорари што таа ги добивала паралено со платата од љубљанскиот Факултет за јавна управа, се до изборот за министер минатата година.
– Не се чуствувам виновна, но не сакам неоснованите критики на моја сметка да ја оптоваруваат работата на Министерството, изјави Сетникар-Цанкар на прес-конференција во Љубљана на која ја објави својата оставка.




