Published: Sunday, March 8, 2015 09:45
Исламистичкиот лидер на нигериската група „Боко Харам“, Абубакар Шекау и вети лојалност на Исламска држава (ИД) во аудио порака објавена вчера.
– Изјавуваме дека сме му верни на муслиманскиот калиф Ибрахим ибн Авад ал Хусеини Кураши, вели гласот во пораката објавена на Твитер.
Кураши, познат како Абу Бакр ал Багдади, е лидер на џихадистичката група ИД, која прогласи калифат во делови на Ирак и Сирија.
Припадниците на „Боко Харам“ вчера извршија неколку напади во кои загинаа најмалку 58 лица, а 140 се повредени во градот Маидугури во североисточниот дел на Нигерија.




