Во САД научниците денеска објавија дека за прв пат успеале да излечат бебе родено со ХИВ, кој предизвикува сида.
Девојчето од Мисисипи кое е родено како ХИВ позитивно, денес има две ипол години и не покажува знаци на инфекцијата.
ХИВ-от на бебето му го пренела заразената мајка за време на породувањето, а нејзиното лекување со тераписки дози на антивирусни лекови започнало уште пред да стигнат резултатите од нејзиниот ХИВ тест кој бил позитивен.
По успешните резултати, истражувачите и докторите планираат да го пробаат истиот третман и на други деца кои се родени со ХИВ, за да потврдат дали ќе го има истиот ефект. Ако се покажат како успешни, тогаш можно да се разговара за нов лек кој го убива вирусот кај децата.
Дебора Персо од детеската клиника Џонс Хопкинс во Балтимор изјави дека брзата антивирусна терапија кај новороденчињата која почнува неколку часа после заразувањето може да му помогне на бебето да се избори со вирусот без лекување до крајот на животот спречувајќи формирање на заспиени заразени клетки, пренесува АТП.