Published: Sunday, March 8, 2015 10:05
Руските власти уапсиле вкупно четворица осомничени за убиството на лидерот на опозицијата Борис Немцов, соопштија агенциите за безбедност во Русија.
Според информациите, еден од четворицата уапсени бил припадник на полицијата во Чеченија.
Претходно приведени беа и двајца осомничени од Кавказ, Анзор Губашев и Заур Дадаев.
Дадаев исто така има воено досие, односно 10 години бил припадник на чеченскиот баталјон „Север“.
Според шефот на агенцијата за безбедност Александар Бортњиков, во истрагата се разгледуваат сите сценарија, вклучувајќи и можност за нарачано убиство во однос на Немцов.
Немцов беше убиен на 27 февруари додека шетал со својата девојка во центарот на Москва.




