Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународна научна конференција за митот и драмата за првпат во Скопје

0
By Marija Todorovska on November 28, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 28, 2024 11:18

Скопје: Во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи дводневна меѓународна научна конференција со наслов Мит и драма: современи интерпретации (29-30 ноември 2024). Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје. Повеќе од педесет експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Италија, Шпанија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија, Мароко, Финска и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки. 

Конференцијата предвидува и две пленарни предавања, од истакнати професорки од оваа област: Светлана Слапшак (редовен професор и декан во пензија, Институт за балкански и медитерански студии и култура, ИБАМЕСК, Љубљана) и Катерина Колозова (редовен професор и директор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје). Свеченото отворање на конференцијата е закажано за на 29 ноември во 10 ч., во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. По завршувањето на конференцијата, предвидени се и презентации на резултатите од работилниците наменети за студенти, по креативно пишување и театарска изведба, кои ги водеа професорите Зоја Бузалковска, Маја Стевановиќ и Александар Степанулевски од Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Конференцијата е отворена за сите заинтересирани

драма конференција мит УКИМ Филолошки факлултет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.