Published: Sunday, March 8, 2015 12:46
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис доби позитивен одговор од претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум на писмото испратено во петокот.
Имено, во писмото Варуфакис предложил седум клучни реформски мерки како Грција би добила нова транша финансиска помош, а Диселблум одговорил позитивно на тоа, пренесува агенцијата АФП.
Грчкиот министер претходно пред новинарите рече дека е оптимист за претстојните разговори.
Новата грчка Влада има рок до април да достави предлог реформи до своите кредитори за да добие зелено светло.
До постигнувањето на договорот, 240 милијарди евра пакетот од ЕУ и ММФ ќе стагнира.
А од друга страна, Грција овој месец треба да отплати околу 6 милијарди евра од долговите.




