Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изрази огорченост по хаваријата на џихадистите на Исламската држава кои уништија неколку антички градби и последно, уништувањето на урнатините на античкиот град Хатра во Ирак.
Според него дејствијата претставуваат воено злосторство.
– Генералниот секретар итно повикува Меѓународната заедница да стави крај на ваквата терористичка дејност што е можно поскоро, а исто така да го спречи шверцот на предмети со културна вредност, како што бараат резолуциите 2170 и 2199 на Советот за безбедност, соопштува прес-службата на ОН.
Инаку остатоците на античкиот град Хатра се вклучени во списокот на светското наследство на УНЕСКО.
Генералниот секретар потенцираше дека намерното уништување на заедничкото културно наследство претставува воено злосторство и виновниците за тоа треба да одговаараат.
Покрај Хатра, ИД уништи уште еден антички град во Ирак во текот на викендот – Дар Шарукин (Хорсабад). Пред тоа групата ги колабираше урнатините на античкиот град (Нимруд).




