Четири лица денес беа притворени во истрагата за јануарските атентати во Париз во кои 17 лица беа убиени како и тројцата починители на убиствата, јавуваат агенциите.
Лицата биле блиски до Амеди Кулибали кој што држеше во заложништво повеќе лица во еден еврејски супермаркет. Според радиото Европа1, две од лица се една жена полицаец и нејзиниот пријател. Тој е познат како деликвент и близок до Кулибали.
Жената пред извесно време сменила вера и станала муслиманка. Таа е суспендирана од својата полициска работа поради други кривични дела. Истрагата се сомнева дека таа му помагала на својот пријател.
На 7 јануари браќата Куачи го нападнаа седиштетот на Шарли Ебдо и убија дванесет лица. Утредента една жена полицаец беше убиена во парискиот кварт Монруж. Кулибали засега се смета за осомничен во ова убиство. Тој на 9 јануари уби четворица муштерии во еврејски супермаркет откако држеше во заложништво дваесетина лица.




