Published: Tuesday, March 10, 2015 08:47
Тројца француски спортисти се меѓу 10.те загинати во хеликоптерска несреќа во Аргентина, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се францускиот претседателски кабинет.
Осум Французи и нивните двајца аргентински пилоти загинаа кога два хеликоптери се судрија во провинцијата Ла Риоха во северо-западниот дел на земјата.
Едриличарката Флоренс Арто, олимписката пливачка Камиј Муфа и олимпискиот боксер Алексис Вастин се меѓу загинатите.
Хеликоптерите беа вклучени во снимањето на ТВ шоуто Исклучени.
“Ненадејната смрт на нашите француски државјани е причина за огромна тага”, се вели во изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд.




