Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се снима серија „Хари Потер“ ова лето во продукција на HBO

0
By Marija Todorovska on December 6, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2024 10:05

Лондон: Во продукција на „Ејч-би-о“ (HBO), снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“ (Harry Potter) ќе почне летото 2025 година, во студиото „Ворнер брос Ливсден“ (Warner Bros Leavesden), во Ватфорд, северозападен Лондон, Англија. Серијата ќе има сосема нова екипа глумци, а приказната ќе остане автентична со книгите на Џ.К. Роулинг, објавија продуцентите.

„Претстојната оригинална серија на ‘Ејч-би-о’, ‘#HarryPotter‘ ќе се снима во студиото ‘Ворнер брос Ливсден’, а продукцијата ќе почне во летото 2025 година и ќе се појави на (стрим-платформата) ‘Maкс’. Серијата ќе има нова екипа која ќе ја води новата генерација обожаватели, полна со фантастични детаљи, многу саканите ликови и драматични места коишто обожавателите на ‘Хари Потер’ ги сакаат повеќе од 25 години,“ соопшти продукциската куќа.

По повикот за кастинг, објавен во септември, 32.000 деца биле на аудиција за главните улоги, при што „тимот прегледува до 1.000 ленти дневно“, според „Ејч-би-о“.

Повикот за кастингот пропишува дека апликантите мора да бидат жители на Обединетото Кралство или Ирска, на возраст меѓу 9 и 11 години.

Инаку, последниве години, писателката Џ.К. Роулинг е обвинувана за трансфобија, за нејзините ставови за новите родови идентитети. Таа си го кажува ставот и како авторитет, според некои западни медиуми, таа сепак ќе биде дел од новиот проект.

Глумците Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт, кои ги глумеа главните ликови во филмовите „Хари Потер“ од предминатото десетлетие, искажаа јавно несогласување со писателката.

HBO Серија Хари Потер Џ.К Роулинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.