Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. Дескоски во рамките на ФБ полемиката за Преспанскиот: Времената спогодба ги поддржаа да дојдат на власт домашните политички сили кои биле спремни да го прифатат грчкото барање  

0
By Zoran Ivanov on December 21, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Со Преспа ние го добивме она што го имавме по Времената спогодба уште од 1995, Грција успеа да ни го смени името на државата и нацијата. Што би рекол Грчкиот дипломат Розакис: Грција по втор пат ни го продаде одрекувањето од вето.

Тони Дескоски

Не знам кое е интервјуто, но точна е констатацијата дека уште од Резолуцијата на Советот за Безбедност 817/1993 (за наш прием во ООН), преговорите се воделе за име erga omnes. За ова има и писмен доказ, јавно достапен, во пропратните материјали за следната Резолуција 845/1993, во која Венс/Овен известуваат дека добиле изречен одговор од Грција дека тоа е барањето и дека само за тоа Грците се спремни да преговараат.

Долги децении нашата јавност беше замајувана од Властите дека има опција за име само за меѓународна употреба.

Дури и Амбасадорот Вања Тошевски ни ја соопшти оваа реалност во едно тв интервју.

Вистина е дека од 2007/2008 Грчките политички партии консензуално застанаа зад Владата на Караманлис да предложи преименување во Северна/Горна/Нова (каква и да е/whatever) Македонија.

Вистина е дека уште од 1993 , во личната карта во ОН, запишан е македонскиот јазик. Лага е дека Грција го спорела. Затоа јазикот и не е спомнат во Времената спогодба. Кој будала го внесе во преговорите за Преспа, познато е.

Вистина е дека Референцата не е име на нашата држава, туку само начин со кој ни се обраќаат, а ние го задржувавме правото да се викаме Македонија. Вистина е дека со такво решение на Грција и слабееше позицијата секој ден и затоа се реши да ја прекрши Времената спогодба, за да го добие она што таа го изгуби во 1995: можноста да не уценува за името преку вето за меѓународните организации.

Сумирано: со Преспа ние го добивме она што го имавме по Времената спогодба уште од 1995, Грција успеа да ни го смени името на државата и нацијата. Што би рекол Грчкиот дипломат Розакис: Грција по втор пат ни го продаде одрекувањето од вето.

Исто така, Грција доби и наше изречно одрекување од Античка Македонија, на која имавме право по Времената спогодба.

Две работи дадовме, ништо ново не добивме, туку само Грција да се врати на својата обврска од 1995.

Точно е и дека САД и Западните сојузници дадоа цврста поддршка на Грција во кршењето на Времената спогодба и ги поддржаа да дојдат на власт домашните политички сили кои биле спремни да го прифатат Грчкото барање. Тоа го остварија преку СЈО, кое е најголемата измама.

Ете, тоа се објективните факти.

Противниците на Преспа користат лаги за да го нападнат Договорот, и тоа најмногу за Античка Македонија. Се уште мафтаат со Сонцето од Вергина, несвесни дека всушност веат Грчки симбол.

Поддржувачите на Преспа лажат дека името на државата и нацијата не ни е сменето. И дека со Преспа Грција ни го признала јазикот (кој не го ни спорела).

п.с. За Букурешт еден наш многу самозаљубен дипломат ја имаше проширено лагата дека тој лично со Американците договорил влез под референца, ама ни Премиерот ни Претседателот тоа не го поддржале.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

дескоски преспански
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.