Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НМХТ: Властa треба да се сруши за да заживеат правдата и демократијата

0
By Нова ТВ on March 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 12, 2015 13:07

Целата јавност последниве неколку месеци, имаше прилика да се запознае со вистинскиот начин на владеење на авторитарниот и тоталитарен ум на ВМРО-вската власт, се вели во соопштението на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата.

„Насилствата на власта и нивните послушници, бескрупулозното продирање, контрола и злоупотреба на приватниот живот на граѓаните, бездушни уцени, фрапирачка корупција на институциите на системот, нефункционалност и контрола над судскиот ситем, безмилосна манипулација на волјата на гласачите, злоупотреби на ранливата состојба на цели категории на граѓани, нечовечно подигрување со судбината на човечките животи, абсолутистичка контрола над јавната сфера, узурпација на слободата на информирање и медиумската сфера – се само дел од згрозувачките и историски невидени криминали на оваа власт кои имавме прилика да ги слушнеме“, смета НМХТ.

Според нив, она што недвосмилено го сведочат информациите презентирани во јавноста укажува единствено на фактот дека Македонија е претворена во приватна сопственост на мафијашките тенденции на неколкумина луѓе и фамилии.

„Варварскиот, вулгарен и насилнички говор на највисоките претставиници на државната власт е јасно огледало на насилничкиот говор на омраза со кој власта и нивните избраници и медиумски послушници ги стигматизираат, навредуваат и дехуманизираат сексуалните и родовите малцинства со години. „Куртон“ вестите на квазимедиумската владина пропагандна машинерија се истите оние сервиси за манипулирање на јавноста кои со години шират омраза и го контролираат протокот на информации поврзани со животот и културата, со страдањата и борбите на ЛГБТИ луѓето и активистите“, стои понатаму во соопштението.

НМХТ нагласува дека насилните „бараби“ кои го злоставуваат граѓанството во изборниот период се дел од онаа послушничка толпа која е спремна да ги нападне, повреди, па и да ги убие ЛГБТИ луѓето и активистите за човекови права.

„Јасно е, сега кога излезе на виделина степенот до кој обвинителството и судската власт биле ставени да работат исклучиво во полза на оваа сурова група бездушници, зошто нивниот послушник Зврлевски, кој би требало да биде Јавен обвинител на Република Македонија, нема никаков проблем со нерешениот статус на серијата случаи на злосторства од омраза кон ЛГБТИ заедницата“, смета НМХТ.

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија повикува да престанат исклучувачките политики и гледишта.

„Повикуваме на политичко обединување и солидарност, а со цел да престане поделбата по секоја основа, да престанеме да го гледаме општеството како збир на различни групи, чии разлики треба да ги делат едни од други. Сите сме еднаков дел од ова општество! Се додека успеваат да не разделат, да не претворат во посебни „целни групи“, диктатурата нема да си замине, само ќе биде заменета со нова. Единствен излез од овој бескраен круг на понижување е конечно, сите да сфатиме дека сме Слободни. Различни. Еднакви. Оваа власт мора да биде срушена за правдата и демократијата конечно да добијат смисла и да заживеат“, порачува НМХТ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.