НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема основа за постапување против Бојан Христовски, констатира ДКСК

0
By Marija Todorovska on December 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. На денешната седница, ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ, но истакна дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите.

Според пријавите, постојат сомневања за законитоста на безбедносната проверка, валидноста на дипломата за високо образование, сертификатот за англиски јазик и работното искуство на Христовски. Подносителите бараа ДКСК да ги преземе сите потребни дејствија за утврдување на одговорност за корупција и судир на интереси.

Согласно образложанието, од ДКСК побарале и им биле доставени податоци од надлежните институции во кои утврдиле дека заради апликација од страна на апликантот до Владата биле доставени уверение за државјанство, уверение за завршени студии за високо образование седми степен, одлука за одбрана на магистерски труд, уверение за испити положени од прв циклус, доказ за работно искуство, доказ за познавање на англиски јазик како и изјави во однос дека нема забрани за вршење професија, ниту привремена мерка за вршење дејност, како и да изјава дека не е член на политичка партија и дека не му е утврдено постоење судир на интереси.

Според ДКСК, сите доставени податоци биле во насока на исполнување на критериумите.

Како што посочи членот Цвета Ристовска исполнет е условот за државјанство на државава, условот да нема државјанство на друга држава, како и условот за положени испити.

-Врз основа на сомнежите за валидноста на приложените документи, ДКСК постапувајќи по своите надлежности побара вонреден инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат во наведениот факултет со цел проверка на приложените уверенија и дипломи за стекнати 240, односно 180 кредити. ДПИ постапи и достави допис во кој се констатира дека нема неправилност во работењеото на универзитетот, односно приложените уверенија и дипломи се издадени во согласност со законски прописи, рече таа, дополнувајќи дека ДКСК нема надлежност за директна експертиза на документите.

Во врска со условот за 12 години искуство од кои пет години на раководни функции, од ДКСК информираа дека од страна на владата е доставен доказ дека има работно искуство.

-Со прилози од Агенцијата за вработување, договори за вработување и решенија за негово именување, лицето ги исполнува законските барања за работно искуство, дополни Ристовска.

Додека, во однос на условот да поседува еден од меѓународно признати сертификати за познавање на англиски јазик, не постар од пет години, оттаму посочија дека лицето поднело сертификат издаден во 2022 година кој формално правно ги исполнува законските критериуми.

-Поради сомневање за автентичноста за наведениот сертификат, ДКСК истакнува дека нема овластување да проверува и утврдува автентичност на документите кои бараат експертиза надвор од надлежностите на ДКСК, согласно закон. Надлежноста е на основно јавно обвинителство каде што е доставена кривична пријава, а документот е валиден додека не се докаже спротивното, посочи Ристовска.

Според ДКСК, валидни се и условите да не му е изречена забрана за вршење професија, да не е член на политичка партија и да има исполнето безбедносна проверка.

-Од Владата беше доставен доказ дека е спроведена безбедносна проверка, дека лицето има сертификат за безбедносни информации. Безбедносната проверка била спроведена за неговото претходно работно ангажирање во МВР. Овој сертификат ги задоволува условите до моментот на преземање на функцијата директор. Со преземањето е спроведено тестирање со степен на доверливост државна тајна. Спроведувањето на оваа процедура ја потврдува дополнително усогласеноста на лицето со функцијата, рече Ристовска.

Во однос на условот да не е поведена постапка за постоење на судир на интереси, во документацијата е доставена изјава со која изјавува дека не му е утврдено постоење на судир на интереси, според која ДКСК смета дека е исполнет и тој услов.

Одлуката на ДКСК следува откако во случајот со именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски, спорни беа сертификатот за англиски јазик, за кој постојат сомневања дека е издаден од неовластено јазично студио во Пловдив, Бугарија, поврзано со издавање на лажни сертификати, дипломата за високо образование, за која имаше сомневања за валидноста од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и документите за работно искуство, каде што се постави прашање дали Христовски има доволно години стаж на раководни позиции, како што е предвидено со законските услови. Овие сомневања беа предмет на истрага од страна на ДКСК и други надлежни институции.

АНБ Бојан Христовски ДКСК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.