Published: Friday, March 13, 2015 11:53
Осум екстремисти се уапсени во Шпанија, кои планирале напад во земјата и регрутирале борци за Сирија и Ирак, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.
Полицијата во текот на акцијата претресувала објекти во четири града и тоа во Барселона, Жирона, Сиудад Реал и Авиља.
Оваа реакција на шпанските власти доаѓа по нападите на територијата на Франција, односно нападите врз сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ во јануари во Париз, при што убиени се 17 луѓе.
Од почетокот на оваа година, шпанската полиција уапси 21 лице поврзано со активности на исламските екстремисти.




