НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Човекот со „насмевка од една милја“: Збогување со Џими Картер, поранешен претседател на САД, добитник на Нобеловата награда за мир, поборник на демократијата и човековите права

0
By Marija Todorovska on December 30, 2024 ТЕМА
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Картер, земјоделец, одгледувач на кикирики во мал град, ветеран на американската морнарица и гувернер на Џорџија од 1971 до 1975 година, беше првиот претседател од длабокиот југ по 1837 година и единствениот демократ избран за претседател помеѓу мандатите на Линдон Џонсон и Бил Клинтон во Белата куќа.

Џабир Дерала

Џими Картер, решителен, но скромен гувернер од југот на САД, кој во 1976 година стана претседател, почина во неделата во својот дом во Плејнс, Џорџија, на возраст од 100 години. Тој беше најстариот жив поранешен претседател на САД во историјата. Неговата смрт ја потврди неговиот син, Џејмс Е. „Чип“ Картер III.

Во февруари 2023 година, Картер центарот соопшти дека поранешниот претседател, по неколку хоспитализации, решил да се откаже од понатамошен медицински третман и да го помине остатокот од животот дома. Во последниве години, тој се бореше со агресивна форма на меланом, кој се прошири на неговиот црн дроб и мозок.

Светот се збогува со американскиот претседател познат по својот интегритет и морално лидерство. Претседателскиот мандат и кариерата на Картер беа ослободени од скандали, што е реткост во модерната американска политика. Иако неговото време на функцијата се соочуваше со значајни предизвици, како што се енергетската криза и ситуацијата со заложниците во Иран, тој остана посветен на етичко управување и транспарентност.

Сопругата на Картер, Розалин, почина на 19 ноември 2023 година, на возраст од 96 години. Нивниот брак, кој траеше повеќе од 77 години, беше најдолг во претседателската историја. Двојката беше неразделна низ целиот нивен јавен и приватен живот. Еден од последните јавни настапи на Картер беше на нејзиниот погреб во Плејнс, каде што седеше во првиот ред во инвалидска количка. Тој беше последен пат фотографиран пред својот дом на 1 октомври годинава, кога го одбележа 100-тиот роденден, опкружен со семејството и пријателите.

Необичниот пост-претседателски живот на Картер се состоеше од интензивна хуманитарна работа и силни заложби за мир, демократија и човекови права. Тој е добитник и на Нобеловата награда за мир во 2002 година. Зад него остануваат неговите деца Џек, Чип, Џеф и Ејми, 11 внуци и 14 правнуци.

Картер центарот во неделата соопшти дека јавните комеморативни настани ќе се одржат во Атланта и Вашингтон, по што ќе следи приватна погребна церемонија во Плејнс, Џорџија. Претседателот Џо Бајден во своето емотивно обраќање рече дека Картер беше принципиелен човек чиј живот беше исполнет со значење и цел.

Картер, земјоделец, одгледувач на кикирики во мал град, ветеран на американската морнарица и гувернер на Џорџија од 1971 до 1975 година, беше првиот претседател од длабокиот југ по 1837 година и единствениот демократ избран за претседател помеѓу мандатите на Линдон Џонсон и Бил Клинтон во Белата куќа.

Како 39-ти претседател на нацијата, тој владееше со силно демократско мнозинство во Конгресот, но во општество кое стануваше сѐ повеќе конзервативно. Четири години по преземањето на функцијата, Картер се кандидира за реизбор, но изгуби убедливо од една од најконзервативните политички фигури на ерата, Роналд Реган.

При крајот на животот на Картер, дел од неговите биографи изнесоа категорични и аргументирани ставови дека тој е поконсеквентен претседател отколку што повеќето луѓе мислеа и изјавуваа своевремено. „Можеби најпогрешно разбраниот претседател во американската историја“, напиша авторот Џонатан Алтер во својата книга „Најдоброто од него: Џими Картер, живот“, објавена во 2020 година.

Картер, познат по својата насмевка „широка една милја“, беше жилав и решителен, а тие квалитети беа клучни за постигнување на Договорот од Кемп Дејвид, еден од најголемите успеси во неговото претседателствување. Тој помина 13 дена во претседателското одморалиште на планината Катоктин во Мериленд во септември 1978 година, каде што во планинските кабини беа сместени тој, израелскиот премиер Менахем Бегин и египетскиот претседател Анвар ел Садат. Тоа беа клучни денови кога Картер успеа да ги приближи лидерите до постигнување на историскиот договор меѓу лутите ривали.

Договорот од Кемп Дејвид доведе до првото значајно израелско повлекување од територијата заземена во Шестдневната војна во 1967 година и мировниот договор меѓу Израел и неговиот најголем арапски сосед, Египет. Во 1978 година, Бегин и Садат заедно ја добија Нобеловата награда за мир, чест што му беше доделена на Картер 24 години подоцна за неговата животна посветеност кон мирот.

Картер беше пред своето време и за еколошките прашања. Во јуни 1979 година, тој инсталираше 32 соларни панели на покривот на западното крило на Белата куќа, велејќи им на новинарите дека поентата е да се искористи „моќта на сонцето за да ги збогатиме нашите животи додека се оддалечуваме од нашата осакатувачка зависност од странска нафта.“

Својот пост-претседателски живот Картер го посвети на јавната служба дома и на поддршката на демократијата и човековите права во странство. Тоа беше кариера за која дури и некои од неговите приврзаници рекоа дека повеќе му одговара отколку да биде претседател.

Картер ги отфрли понудите за членство во корпоративни одбори и профитабилните ангажмани за јавни настапи кои на други поранешни претседатели им донесоа заработка од десетици милиони долари. Тој во интервјуто во 2018 година рече дека не сака „финансиски да капитализира од престојот во Белата куќа“.

„Не гледам ништо лошо во тоа. Не ги обвинувам другите што го прават тоа. Но мене никогаш не ми била амбиција да бидам богат“, изјави Картер.

Наместо тоа, тој напиша 33 книги на теми кои се движат од војна до обработка на дрво, што му овозможи удобен приход во пензионерските денови. Тој е добитник и на три Греми награди за аудио верзиите на неговите книги.

Во 1982 година, брачниот пар Картер го основаа Картер центарот при Универзитетот Емори во Атланта. Картер центарот набрзо стана база од која Картерови ги водеа бројните мировни и други хуманитарни мисии. Картер центарот спонзорира програми во образованието, развојот на земјоделството и здравствената заштита и поддржува фер избори во земјите ширум светот.

Џими порасна во строго сегрегираниот југ во 1920-тите и 30-тите. Неговата мајка, медицинска сестра по занимање, го претвори семејниот дом во социјален центар каде што Афроамериканците беа добредојдени и каде што таа им даваше медицински третман и совети. Раните години и антирасистичкиот став на неговата мајка во голема мерка влијаеше на неговите ставови подоцна во животот.

Џејмс Ерл Л. „Бади“ Картер Јуниор, најстариот од четирите деца, е роден на 1 октомври 1924 година, во Плаинс, земјоделски град на околу 150 милји јужно од Атланта. Почина на 29 декември 2024 година во својот роден град.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Претседател на САД Џими Картер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.