Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битанги во животинската фарма

0
By Marija Todorovska on January 6, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 6, 2025 12:09

И сосема за крај- баш ме интересира дали ако случајно загинам во сообраќајна несреќа, радосно ќе дотрча Сашо Дранго (му јавуваат инсајдери кои знаат за неговото мало некрофилско хоби, сепак не е мала работа да се биде заменик- директор) фасциниран од жртвата и во тоа име да се слика со мене? Или јас не сум му воопшто предизвик, затоа што тесна специјалност на животниот пат собирање жртви по патот му се мечките, воопшто животните, затоа што сиротиот тој, мисли дека луѓето сепак се привилегиран вид на суштества.

Биљана Секуловска 

Кутриот тој, заменик-директор на “Македонија пат”, Сашо Дранго. Пола држава му се нафрли дека застрелал мечка и како секој храбар и бескомпромисен убиец, се сликал гордо и достоинствено на Фејсбук. Втората половина од оваа мизерија од држава го поддржува, затоа што мора сепак да се стави до знаење на целиот свет што прават функционерите кога најдобро е ништо да не прават. Ако веќе мора да ги има.
Мечките не знаат дека законите за забрана за лов низ историјата на човештвото се носеле токму заради типови како нашиов великан од заменик- директор. Свеста низ вековите на денешните демократии се градела токму со креирање, носење и конечно, клучното- почитување на закони. Во оваа срам од држава, ловот на мечки сепак со закон е целосно забранет. Токму заради тоа, нашиов господин заменик- директор фатен во тесно, ја негира информацијата за убиство на мечката.

Зошто тогаш се сликал воопшто, се прашуваат наивните непознавачи на причините за целосната расклатеност на државава.  Тука почнува серијалот функционерски лаги- дека мечката била усмртена при сообраќајна несреќа, дека била удрена од кола, дека тој како секој совесен носител на јавна функција нормално дека ја тргнал од патот, за што  рече дека имало и полициски записник. Таму овој типичен претставник на вмровската партиска војска (оваа партија не е раритетна појава во создавањето на каубојскава држава, која се негува од ваквото шерифско поимање на практикување на власт) се појавил како вработен во „Македонија пат“, за  животното да се отстрани од коловозот. Така и настанала фотографијата.
Интересно е што “Анима Мунди” како една од најважните организации во државава, го разоткри и соголи докрај Дранго: “Во Билтен на  МВР во декември не е објавена сообраќајна несреќа во која настрадала мечка на магистралниот пат Битола – Ресен”, за потоа медиумите да објават дека од битолската полиција потврдиле дека таков настан и не е регистриран воопшто кај нив.

Сепак, Дранго не го објаснува докрај поривот за гордото сликање, зошто воопшто се сликал со мртва мечка, ако не е професионален убиец, како што го обвинува онаа згрозена половина од држава?  Најверојатно бил инспириран и фасциниран од големината на подвигот- средба со кутрата мечка, која како секое животно, наивно и добродушно, живеела во илузии дека светот сепак почнал да функционира нормално, после толку векови дивјаштво. Мечката, со ваков логичен резон, би верувала дека заменик- директор од таков калибар пологично е да се слика по средба со некој Нобеловец, со кого имале жестока, жолчна, но господа драги, мора да била тоа и некаква плодна дискусија. За крај, секако дека би се сликале, за да докажат колку сепак се зрели и разумни господа, и покрај тоа што претходно си рипнале неколку пати да си ја откинат аортата.

Ако го разгледате профилот на Сашо Дранго на Фејсбук, скоро на секој пост можете да уживате во говорите на премиерот Христијан Мицкоски. Се надевам дека истиот тој Мицкоски конечно ќе се освести од одушевеноста што стана премиер и ќе почне да се навредува која сѐ битанга го рекламира, и уште поважно- да започне да се загрижува кој сѐ од арсеналот пробисвети е именуван во неговата Влада.
И сосема за крај- баш ме интересира дали ако случајно загинам во сообраќајна несреќа, радосно ќе дотрча Сашо Дранго (му јавуваат инсајдери кои знаат за неговото мало некрофилско хоби, сепак не е мала работа да се биде заменик- директор) фасциниран од жртвата и во тоа име да се слика со мене? Или јас не сум му воопшто предизвик, затоа што тесна специјалност на животниот пат собирање жртви по патот му се мечките, воопшто животните, затоа што сиротиот тој, мисли дека луѓето сепак се привилегиран вид на суштества.
Цивилизациска придобивка е фактот што пештерскиот човек одамна излегол од историјата, но за жал, не и од главата на Дранго.

Текстот е сопственост на 25minutiplatform.mk

Mечка Биљана Секуловска Сашо Дранго
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.