Нетанјаху во обраќање пред симпатизерите изјави дека „Ликуд“ остварила голема победа наспроти тесната трка на изборите со левичарската-центристичка Ционистичка унија.
Исходот му дава на Нетанјаху големи шанси за формирање на десничарската коалициска влада, јавува Би-Би-Си.
Со тоа, Нетанјаху е на пат да освои четврти мандат и да стане премиер на Израел кој најдолго служи на оваа функција.
Најновите резултати му давааат на Ликуд 30 места во Парламентот, односно , Кнесетотод 120 места, со Ционистичката унија со 24 места.
Излезноста на гласачите изнесува 72 отсто и тоа е повеќе од изборите во 2013 година. Во Израел има вкупно 5,9 милиони регистрирани лица со право на глас. Според податоците на израелската Централна изборна комисија на претходните парламентарни избори во 2013 година излезноста била 66,6 проценти, во 2009 65,2 отсто, а во 2006 година само 53,2 проценти од гласачите, јави ТАСС.
Конечните резултатите од овие избори не се предвидува да бидат готови до утре претпладне, но приврзениците на „Ликуд“ почнаа да ја славата победата само два часа по затворањето на гласачките места. Нетанјаху, во првото, кусо обраќање до своите симпатизери и до домашната јавност, им се заблагодари на сите за подршката што одново му е дадена.
Јицак Херцог, кој според последните анкети, имаше мала предност во однос на Ликуд и Нетанијаху, изјави дека актуелниот премиер премногу рано ја слави победата.
– Ние постигнавме неверојатен резултат, рече Херцог, укажувајќи на поголемиот број освоени пратенички места, во споредба со резултатите во 2013 година. Тој им рече на своите гласачи дека ќе ги чека конечните резултати, порачувајќи му Нетанијаху дека „се уште се е отворено“ и дека јавноста бара промени.




