Published: Wednesday, March 18, 2015 10:27
Пред новото седиште на Европската централна банка во Франкфурт, кое што денеска треба да започне со работа, дојде до судир помеѓу илјадници демонстранти кои протестираат против политиката на штедење и полицијата, која со солзавци се обидувала да ги протера, јавува Си-Ен-Ен, при што еден полицаец е повреден.
Инцидентот се случил помеѓу активисти на алијансата „Блокирај -окупирај“ и полицијата пред денешното отворање на новата зграда на Европската централна банка.
Полицијата вчера во Франкфурт со барикади и бодликава жица го опкружила седиштето на банката со цел да ги спречи насилните демонстранти, кои се против мерките за штедење и капитализмот.




