Запалени автомобили и уништена урбана опрема на плоштадот Егзархија во центарот на Атина е епилогот од синоќешните инциденти, што беа предизвикани од група анархисти кои уште еднаш побараа ослободување на сите приведени лица за тероризам, соопштија грчките медиуми.
Инциденти имало и во реонот на атинскиот Политехнички факултет, по протестот во кој учествуваа околу илјада анархисти.
Демонстрантите предизвикале материјални штети и врз канцелариите во седиштето на опозициската партија ПАСОК. Полицијата не интервенирала во растурање на протестот на анархистите.
Медиумите информираат дека ова е уште еден насилен протест во центарот на Атина испровоциран од анархистите, кои во последно време бараат затворање на затворите со особено строг режим, укинување на антитерористичките закони и пуштање на слобода на роднините на приведените за учество во терористичката организација „Заговор на јадрата на огнот“.




