При напад со беспилотно летало Соединтетите Американски Држави на 12-ти март во Сомалија го убиле предводникот на исламистичка група Ал Шабаб, Адан Гарар, поврзан со нападот врз трговскиот центар Westgate во Најроби во 2013 година, соопшти вчера Пентагон.
Адан Гарар бил припадник на групата на Ал Шабаба за разузнавање и безбедност чијашто задача била да ги „координира надворешните активности“ на екстремната групација, пренесува AFP.
– Врз основа на оперативни разузнавачки сознанија, американски сили со помош на беспилотно летало го нападнаа возилото во кое беше Адан Гарар, во околината на Динсур 240 километри западно од главнито град Могадишу, во Сомалија. Нападот беше успешен и Гарар е убиен. Претставуваше голема закана за регионот и за меѓународната заедница, а неговата смрт е уште еден тежок удар за групата Ал Шабаб, се наведува во соопштението на Пентагон.
Во нападот во септември 2013 година врз трговскиот „Westgate“ во кенијската престолнина Најроби борците на Aл-Шабаб убија 67 луѓе, а над 175 беа ранети.



