По вчерашниот напад во музејот Бардо во Тунис при кој беа убиени 22 лица од кои многумина странски туристи, тунискиот претседател Беџи Каид Есебси објави војна против тероризмот.
Есид во обраќањето на телевизија предупреди дека нацијата е во опасност.
– Ќе бидеме немилосрдни во одбраната на нашата земја, додаде тој, опишувајќи го настанот како напад без преседан врз економијата на Тунис.
Тој вети поголема безбесност во туристичките зони и ги замоли граѓаните да бидат исклучително внимателни.
– Сакам народот на Тунис да разбере дека ние влегуваме во војна против тероризмот и дека ваквите дивјаци се малцинство од кое не се плашиме. Ќе им се спротивставуваме без милост, изјави Есебси.
Премиерот Хабиб Есид денеска го соопшти идентитетот на двајцата извршители на вчерашниот напад во музејот. Станува збор за Јасин Абиди и Хатем Хашнави, кои според туниското министерство за внатрешни работи се Тунижани.
Сега истрагата е целосно насочена кон други лица, соучесници на убиените терористи, велат властите во Тунис.



