НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Пандов

0
By Marija Todorovska on February 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на држава администрација денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов како реакција на, како што наведуваат јавните линчувања кон припадници на затворската полиција со укажување на проблемите со кои се соочувата и на потребата од подобрување на правата на вработените и состојбите во затворскиот систем.

Изминативе неколку дена имаше јавни линчувања кон припадниците на затворска Полиција од јавни личности носители на функција пренесено од медиуми. Со дадените изјави за сегашната состојба во одредени затвори се поставува прашањето дали воопшто предходник (директор на УИС) Ви ги пренесе, укажа и објасни состојбите во затворскиот систем ???”. Со ова Отворено писмо до Вас и јавноста а в.в. со случувањата во КПУ Затвор Скопје од страна на Синдикат на Затворска Полиција и администрација на Македонија ќе Ви одговоривме со: „ДАЛИ ЗНАЕТЕ ???”. Дали знаете кој е оптимално потребен број на припадници на Затворска полиција во Затвор Скопјe за вршење на тековни активности, стои во писмото.

При тоа од овој синдикат ги наведуваат и другите бројни проблеми со кои се соочуваат во извршувањето на нивната работа во однос на условите на работа и заканите по нивната безбедност на кои што се изложени од, како што велат, одредени криминални групи надвор од работното место.

Дали знаете колку има опожарени возила на припадници на Затворска полиција? Дали знаете дека се фрлаа бомби во куќа на директор на Затвор? Дали знаете дека има постојани закани кон Затворска полиција? Дали знаете дека после работа одредени криминални групи ги пресретнуваат Затворските полицајци и физички се малтретирани?, прашуваат од Синдикатот на затворската полиција

Тие прашуваат и дали директорот на УИС, е запознаен кога имаат последен пат земено комплет службена униформа, дека некои припадници немаат задолжено средства за присилба (средства за врзување лисици, гумана палка, пепер спреј-солзавец…), дека речиси да нема држава каде што не се употребува електричен пиштол, и дека нема набавено ниедна „боди-камера” која е законска обврска и дел од опремата?

Се наведува и проблемот со обуката на вработените за употреба на боречки вештини, дека има припадници кои над 20 години не се обучени и упатени на гаѓање, дека немаат соодветни возила за транспорт на притворени и осудени лица 2, немаат посебна просторија при арестанско сместување во болница.

Дали знаете колку припадници имаат напуштено и ќе напуштат работа бидејќи е неиздржливо да се работи во Затвор Скопје и Идризово. Дали знаете веќе не е проблем платата за напуштање од работа туку одсуство на лична безбедност, еден извршител на повеќе работни позиции во исто време. Дали знаете по било каква промена на Закон за извршување на санкции или некој Правилник треба затворските работници да го применуваат, а не лица кои се во работната група (професори, судии, лица кои воопшто не работеле во затвор), се посочува во отвореното писмо.

Потсетуваат дека на првиот состанок со директорот на Управта за извршување санкции во јули 2024 година, му укажале дека недостасуваат полицајци, но и изразуваат подготвеност заеднички да се справат со девијантните однесувања кај нивни припадници.

Како Синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија имаме уште многу забелешки кои и понатаму ќе Ви ги укажуваме со цел подобрување на правата на вработените и состојбите во затворскиот систем, но прифаќаме, заедно ќе се бориме за секое девијантно однесување на било кој, стои во отвореното писмо од Синдикатот на затворската полиција.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов вчера изјави дека 70 телефони биле откриени кај притвореници во Истражниот затвор „Скопје“ (Шутка) во претреси во текот на денот во 40 ќелии, извршени од интервентна единица од затворот „Идризово“.

Во интервју во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека затворскиот полицаец за кој се сомнева дека му помогнал на притворениот Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајкајната несреќа во која загина 22-годишната Фросина Кулакова, да дојде до мобилен телефон е суспендиран од работа.

Пандов тврди дека во најголем дел мобилните во затворите ги внесуваат затворските полицајци и дека во корумпирано општество како нашето, затворскиот систем е најкорумпиран. Освен новите раководители на затворите, во овие казнени установи, рече, работи истиот персонал што го наследиле. Соопшти дека во моментов во Обвинителство се води постапка против триесет и двајца, а против сто затворски полицајци и други вработени во затворите се поднесени дисциплински постапки. За да се справат со корупцијата во затворите, формирани се интервентни единици – една во „Идризово“ и една во затворот во Штип.

затворска полиција Идризово отворено писмо Пандов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.