Published: Thursday, March 19, 2015 22:31
Екстремистите на организацијата Исламска држава ја превземаa одговорноста за нападот на музејот во Тунис. Припадниците на ИСИС денеска објавија снимка со изјава со која потврдија дека нивните следбеници го извршиле нападот во Тунис во кој се убиени 23 луѓе, од кои 18 се странци.
Џихадистите се заканиле со нови напади. Во Тунис уапсени се девет луѓе заради сомнеж дека се поврзани со напаѓачите кои го извршија масакрот.
„Безбедносните сили уапсија четворица кои се директно се поврзани со терористичкиот чин и петтмина кои се под сомнение дека се поврзани со нападот“, соопштуваат од кабинетот на претседателот на Тунис.




