НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога комбето ја решава судбината

0
By Биљана Секуловска on March 21, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Здружението на судиите на Република Македонија смета дека судиите имаат капацитет и интегритет да ја вршат судиската функција согласно Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Македонија и со тоа обезбедуваат непристрасно судење, заштита и унапредување на слободите”.

Ова соопштение, со цела сериозност и претпоставувам со нападно климање на глава додека е пишувано, за да се додаде дополнителна тежина, е потпишано од претседателот на тоа здружение Николчо Николов, кој има манир на овој начин да протестира секогаш, кога судиите се предмет на критика, особено од новинарите.

Овој пат, ова негодување, иако на прв поглед изгледа само како рецитација за крајната чесност и совршеноство на судиите, значи овој пат, најверојатно, судејќи според тајмингот е резултат на најавата на ЕУ за испраќање на експерти, кои ги побара Јавното обвинителство.

Судијата Николчо Николов, никој не се сомнева, стои зад се што е потпишано и после последната бомба, која се однесува токму на светото судство, она истото за кое говори и самиот Груевски, кога гарантира независно и фер судење на Заев.

Што би рекол светецот Николов, судиите имаат интегритет и капацитет, а ако се уште не ви е јасно до крај за што овој човек воопшто зборува при здрав разум, пуштете ги лентите на кои ќе ги слушнете цвркотењата на Јанкуловска, Ставревски, браќата Мијалкови, Муса Џафери итн, итн. Ако навистина ви се неопходни потпис и печат за величината на боговите-судии, за чија пресветлост Николов се колне и на сопствената, смртна постела. Судска, се разбира.

Знам, ВМРО и Груевски не се откажуваат до последен здив од тезата дека се лепени, прелепувани, сечени и монтирани овие разговори добиени од странски служби, но повикајте еден просечен ум од телевизиски или радиски тонец да ви направи проценка за квалитетот на овие течни и полни со веселба разговори и процентот на веројатност до совршенство да се фингираат.

Ќе го добиете одговорот дека е еднакво на нула, една голема нула, истата таа нула која ја добива и Груевски од меѓународниот фактор (последни беа ОН), кога со студен тон му се соопштува загриженост и порака дека не е важно од каде се добиени лентите, туку што содржат. Лепењето и монтирањето никој не ги споменува. Таа фарса му ја оставаат на Груевски, затоа што знаат дека е се што може да понуди во моментов.

Но, оној ден кога ќе седне на масата со нив, нема да ги спомене ниту сечењата и монтирањата, ниту пак странските служби и комбињата кои ги сервисирале. Тогаш ќе се соочи дека ќе дојде ден кога некое друго комбе ќе чека пред неговата резиденција. Без грижа, во него ќе биде и Миле Јанакиески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.