Лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан, ги повика своите следбеници да се воздржат од борбата против Турција.
Тој ја повика својата партија (ПКК) да одржи конгрес на кој ќе одлучат да се прекине 31-годишниот судир со Турција.
Тој во февруари ја повика ПКК да го предаде оружјето, сепак во најновата порака со која бара прекин на конфликтот со земјата на Ердоган, не даде индикации што ќе се случи со оружјето.
Оџалан ја поздрави упорноста на курдските борци против џихадистите на Исламската држава во градот Кобани.
Претставници на Турција веќе имаат започнато разговори со Оџалан за прекин на судирот во кој десетици илјади луѓе имаат загинато од 1984 година наваму.
Според Турција, партијата ПКК на Курдите, претставува терористичка организација, а истото го прифатија и САД и ЕУ.




