Централно-десничарската партија УМП на Франција и нејзините сојузници го преземаа првото место во првиот круг од локалните избори, покажуваат делумните резултати, јавува Би-Би-Си.
Проекциите покажуваат дека крајно десничарскиот Национален Фронт – и покрај добрите резултати – го освои второто место со околу 25% од гласовите, зад конзервативците со околу 30%.
Владејачките социјалисти на претседателот Франсоа Оланд се на третото место со 21%.
Гласачите избираат претставници во 101 сектори, или окрузи а одговараат за прашања како што се училиштата и благосостојба.
Резултатите значат дека во вториот круг на 29 март ќе трката ќе биде помеѓу УМП и Националниот фронт (ФН) во многу региони.
УМП лидерот Никола Саркози изјави дека исходот на изборите ја покажа “длабоката желба на францускиот народ за промени”.
“Условите за огромно свртување назад кон десно и центарот се во прашање”, додаде тој.




